ЗЕН Мајчинство · CoSense
Жена во бременост, во мирен простор
ЗЕН ТЕРАПИИ · CoSense

ЗЕН Мајчинство

Простор за тебе.
Поддршка за секое ново поглавје.

Групни програми за зачнување, бременост, опоравување и мајки со бебиња — со нежно движење, свесно дишење и поврзување.

Четири програмиПоддршка во твојата фаза
Мали групиВнимание и личен пристап
Онлајн или во живоИста месечна членарина
Твој ритамДвапати неделно или drop-in
НЕЖНО. СВЕСНО. ЗАЕДНО.

Не мора да ја носиш
секоја фаза сама.

Мајчинството носи промени — во телото, во чувствата и во секојдневието. Тука создаваме простор да се слушнеш, да се движиш со внимание и да почувствуваш поддршка, таму каде што си сега.

ПОДДРШКА ЗА СЕКОЈА ФАЗА

Твоето поглавје.
Твојата програма.

Избери го просторот што одговара на твоите потреби. Секоја програма има свој фокус, со истата внимателна грижа.

За жени кои сакаат да забременат
ЗЕН ПРОГРАМА

Зачнување

За жени кои сакаат да забременат

Поддршка во периодот на подготовка за бременост, преку внимателно водена јога, свесно дишење и опуштање.

Детали за програмата
  • Нежна јога и релаксација
  • Свесно дишење и медитација
  • Поддршка за емоционална стабилност
  • Мали групи и индивидуален пристап

Нежно патување кон ново поглавје.

Побарај информации
Јога за трудници
ЗЕН ПРОГРАМА

Бременост

Јога за трудници

Нежна и сигурна поддршка во текот на бременоста, со движење приспособено на твоите потреби.

Детали за програмата
  • Приспособени вежби за секој триместар
  • Телесна свесност и опуштање
  • Подготовка преку дишење и релаксација
  • Поврзување со себе и со бебето

Простор за спокојна, свесна бременост.

Побарај информации
Постпородилна јога за мајки
ЗЕН ПРОГРАМА

Опоравување

Постпородилна јога за мајки

Постепено враќање кон сила, здив и стабилност. Внимателна грижа за телото во постпородилниот период.

Детали за програмата
  • Нежни вежби за сила и тонус
  • Вежби за карлично дно и стомачни мускули
  • Растоварување на грбот, рамената и вратот
  • Емоционална поддршка и поврзување

Време за тебе. Со љубов и трпение.

Побарај информации
Јога за бебиња и ајурведска abhyanga масажа
ЗЕН ПРОГРАМА

Мајки & Бебиња

Јога за бебиња и ајурведска abhyanga масажа

Нежни средби низ движење, допир и поврзување. За бебињата и родителите што растат заедно со нив.

Детали за програмата
  • Нежно движење според возраста
  • Запознавање со abhyanga масажа за бебиња
  • Допир што ја негува врската родител–бебе
  • Совети за смирувачки секојдневни рутини

Нежност, допир и љубов — во заеднички ритам.

Побарај информации
КАКО СЕ ОДВИВА

Ритам што остава
простор за тебе.

Сите програми се одвиваат како групни часови, со можност за учество онлајн или во живо. Местото во групата се резервира со претходна пријава.

Побарај распоред
01

Избери програма

Според фазата во која се наоѓаш и твоите потреби.

02

Одбери свој ритам

Двапати неделно или drop-in, со месечна членарина.

03

Запознај ја групата

Побарај го актуелниот распоред и информациите за приклучување.

04

Дојди како што си

Со внимание кон телото, здивот и сопствените граници.

Сандра Беговиќ седи на јога мат
ТВОЈАТА ВОДИЧКА

Сандра Беговиќ

Лиценцирана јога и ајурведска терапевтка

Повеќе од 20 години Сандра работи со јога техники. Нејзиниот пристап ги спојува движењето, здивот и грижата за човекот, со внимание кон индивидуалните потреби.

Има лиценца за терапевтска јога за бебиња, деца, адолесценти и возрасни лица со посебни потреби, болни и здрави лица. Нејзината работа опфаќа индивидуални и групни часови, ајурведски консултации, работилници и едукација.

Основачка и менаџерка на ГитаЗен холистичкиот центар во Хрватска и MK.

Нежно водство. Лично внимание. Простор за поврзување.
ИСКУСТВА СО САНДРА

Простор во кој се чувствуваш поддржана.

Искуства од жени кои работеле со Сандра.

Програмата Мајчинство е несекојдневна метода. Нежното водење низ третманите со Сандра на мене и сопругот ни помогна успешно да зачнеме низ ин-витро постапка од прв обид. Срдечна препорака!

Симона Трипкова
Симона ТрипковаГрафички дизајнер

Со Сандра работев индивидуални сесии и јога. Методите кои ги користи се реткост на нашето поднебје. Толку интуитивни и удобни. Ми служат и ден денес во секојдневието. Сандра е одлична менторка и водич и задоволство и уживање беше да се препуштам во нејзини раце.

Ивана Коцевска
Ивана КоцевскаБалерина
ЧЛЕНАРИНИ И DROP-IN

Грижа во твојот ритам.

Двапати неделно за континуитет, или drop-in за пробна / една сесија.
Групни сесии за 10 лица во живо или онлајн, и индивидуална поддршка.

ЗЕН

Зачнување

7.800 ден.

месечна членарина

Вторник и четврток · 18:45–20:00

8 сесии месечно

ЗЕН

Бременост

7.800 ден.

месечна членарина

Вторник и четврток · 17:00–18:15

8 сесии месечно

ЗЕН

Опоравување

7.800 ден.

месечна членарина

Вторник и четврток · 15:00–16:15

8 сесии месечно

ЗЕН

Мајки & Бебиња

9.000 ден.

месечна членарина

Вторник и четврток · 10:30–11:30

8 сесии месечно

ЗЕН Мајчинство е комплементарна програма за добросостојба и не ја заменува медицинската грижа. За медицински прашања и соодветноста на практиките во бременоста или по породувањето, консултирај се со својот матичен лекар или специјалист.

ДОБРО Е ДА ЗНАЕШ

Неколку одговори
пред првиот час.

Може ли да учествувам онлајн?

Да. Програмите предвидуваат учество онлајн или во живо, со иста членарина. За актуелните групи и начинот на поврзување, побарај информации.

Како да ја изберам програмата?

Почни од фазата во која се наоѓаш. Ако се двоумиш, закажи консултација за да разговараме за твоите потреби и за соодветната група.

Кога започнува следната група?

Пиши ни за актуелните термини, почетокот на следната група и слободните места.

Како да го резервирам своето место?

Контактирај нè по е-пошта или телефон и наведи која програма те интересира. Ќе ги добиеш распоредот и информациите за пријава.

ПРВИОТ ЧЕКОР Е РАЗГОВОР

Понежен почеток започнувакога ќе направиш простор за себе.

За пријава, распоред или прашања за програмите,
тука сме да се запознаеме.

ТВОЈАТА ПРОГРАМА

Избери програма

Информации за уплата. Начинот и рокот за уплата ќе ги добиеш по пријавувањето и потврдата на достапноста.

Испрати ни го твојот избор за да ги договориме деталите. Ова е барање за информации; местото се потврдува по договор.

(Visited 15,112 times, 2 visits today)